УХМР со најава за снег, мраз и многу ниски температури

Сподели со своите пријатели

Од утре под влијание на многу студена воздушна маса од најсеверните географски ширини времето ќе биде многу студено со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

– Во деновите од викендот ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Се очекува во југозападните делови и на пониските места таа да изнесува над 20см. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица, стои во највата на синоптичарите.

Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на целиот ден ќе бидат негативни.

Утринските температури ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

Во Куманово и околината утре температурата ќе изнесува минус седум степени во текот на утрото, а максималната дневна се очекува да достигне само нула степени.

Никола Ивановски

Leave a Reply