УХМР со најава за силен ветер и врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд, на планините од снег, особено во западните делови.

Loading...

Ќе дува умерен до засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец, повремено со брзина од 50 до 70 км/час.

Утре ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми.

Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час.

Поради силниот ветер на планините ќе има појава на снежни наноси.

Leave a Reply