УХМР со најава за силен ветер, дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

За време на викендот и почетокот на иднава седмица ќе дува умерен повремено силен јужен ветер кој ќе допринесе да има пораст на температурата на воздухот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во недела ќе има зголемување на облачноста, попладне ќе има услови за изолирана нестабилност.

Во понеделник и во вторник на повеќе места ќе има  појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе имаат форма на невреме со силен ветер(над 80км/час) и пороен дожд(над 20л/м2).

Во вторник температурата ќе опадне од 6 до 9 степени.

Викенд метео за Куманово

Времето во Куманово и околината утре ќе биде сончево до умерено облачно. Температурата ќе се движи од утрински 15 степени, до максимална дневна од 25 степени целзиусови.

Недела носи за три степени повисока температура, но и услови за нестабилност. Во текот на денот се очекуваат врнежи од дожд и грмотевици. Утринската температура ќе изнесува 16, а максималната дневна 28 степени.

Слично ќе биде времето и во понеделник и вторник.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply