УХМР со најава за пороен дожд, грмежи, ветер и невреме

Сподели со своите пријатели

Од утре до средината на следната седмица подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м 2 ) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.

Температурите значително ќе се намалат.

– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, стои во соопштението на УХМР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

Никола Ивановски