УХМР со најава за невреме во следните денови

Сподели со своите пријатели

Во следните денови претежно во попладневните часови повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Повремено нестабилноста ќе се појавува и во вечерните часови. Во овој период дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и ќе се одржува доста топло време.

Од Управата за хидромеотеоролошки работи препорачуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

 

НЕДЕЛНА ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Температури до 33 степени, но и нестабилно време

Никола Ивановски