НЕДЕЛНА ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Температури до 33 степени, но и нестабилно време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степени. УВ=7

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 23 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време во претпладневните часови, но попладне се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд проследени со електрични празнења. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 13 степени во утринските часови, до максимални 30 степени целзиусови во текот на денот.

Среда повторно носи претежно сончево претпладне и попладне проследено со нестабилност во форма на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 32 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од запден правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 33 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Петок носи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен, односно југозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 12 степени во утринските часови до максимални 31 во текот на денот.

Сабота носи веќе претежно облачно време и благ пад на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура се очекува да достигне 27 степени целзиусови. Во текот на ноќта се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд.

Во недела ќе имаме облачно и врнежливо време со пад на температурите. Ќе дува слаб до засилен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 24 степени целзиусови.

 

 

Слично време се очекува и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Loading...