УХМР со најава за нестабилно и променливо време и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија денес на пладне испрати најава за нестабилно и променливо време кое ќе следува во текот на викендот, но и почетокот на новата работна недела.

Денес од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, на повеќе места проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Нестабилно ќе биде и во делови од Скопската котлина.

За време на викендот ќе биде претежно стабилно и топло, но во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.

Од понеделник попладне ќе настапи позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и во среда ќе продолжи да дува засилен северен ветер, проследен со поројни врнежи од дожд, а температурите ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови, велат од УХМР.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.