УХМР со најава за локално невреме!

Сподели со своите пријатели

Денес попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи

Loading...

Температурата во кумановско и околината ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 31 во текот на денот. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста и услови за краткотрајниврнежи од дожд проследен со електрични празнења.

Утре и во четврток попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со услови за појава на град, велат од УХМР.

Во петок ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд и ретки грмежи.

Никола Ивановски

Leave a Reply