УХМР со најава за дестабилизација на временските услови

Сподели со своите пријатели

Уште денес ќе се задржи многу топло со дневни температури над просечните за овој период од годината, а поради изразеното јужно струење на висина денес попладне и во ноќните часови ќе има поинтензивен пренос на прашина од Сахара кон подрачјето на нашата земја, предурпедуваат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Под влијание на циклонска активност во Медитеранот од утре до недела ќе настапи дестабилизација на временската состојба која ќе услови променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре ќе дува повремено засилен јужен ветер, а повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови.

Во сабота попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови, додека во недела ќе биде посвежо со дневни температури пониски за околу 10 степени во однос на денешните, а врнежите ќе бидат позастапени во јужните делови.

Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето, а од вторник и пораст на дневната температура.