УХМР: Следува период на потопло време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималните температури ќе се движат од 8 до 17, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 26 до 33 степени целзиусови.

Како што додаваат синоптичарите на УХМР, следува период на потопло време со пораст на дневните температури.

Во петок во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и грмежи.

Image by Gerd Altmann from Pixabay

Leave a Reply