УХМР: Од вторник – пад на температурите и повеќе врнежи

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено во западните делови предвидуваат метеоролозите на УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Т-мин. од 7 до 15 а т-мин. 17 до 22 степени.

Loading...

Во Скопје ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време. Во сабота во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Повеќе врнежи и пад на температурата се очекуваат од вторник.