УХМР: Невреме со пороен дожд и грмежи се движи кон Куманово

Сподели со своите пријатели

Во моментов поизразена нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер има во потегот помеѓу Тетово и Скопје, како и помеѓу Скопје и Куманово, а неколку појаки конвективни келии има и во потег источно и североисточно од Прилеп. Нестабилните облачни келии немаат голема брзина на движење, но главно се движат од запад кон исток и кон североисток, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттука во наредните часови со постоечките нестабилни облачни келии можно е да бидат зафатени градските подрачја на Скопје и на Куманово.

Нестабилно ќе биде и понатаму во вечерните часови и се очекува проширување на нестабилноста на повеќе места.