Во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Поради спуштање на ладна воздушна маса на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во дожд и снег, а на планините од снег.
Во среда во источните делови ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец, а во западните делови од западен правец.
Од четврток ветерот ќе го смени правецот во северен.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Никола Ивановски

