УХМР најавува пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Продолжува периодот на стабилно и суво време, јавува УХМР во прогнозата за денес.

Loading...

Малку поизразен ветер ќе има во текот на денешниот ден особено вдолж Повардарието. Наутро понекаде во котлините ќе има малку намалена видливост.

Утринските температури од петок полека ќе опаѓаат, а позначително ќе се спуштат од недела наутро. Од сабота и дневните температури малку ќе опаднат но и понатаму ќе се задржи топло време за овој дел од годината.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.