УХМР најавува локално невреме

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Loading...

Утре и во среда наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град.

Во петок и сабота ќе преовладува претежно сончево време, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ