УХМР најавува дожд, ветер и заладување

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес ќе има повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (локално над 70км/час).

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во вечерните часови ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе услови брзо опаѓање на температурите, поради што на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.100 ученици во Куманово бесплатно пливаат на затворениот Градски базен (ФОТО)

Утринската температура ќе се движи околу два степени, а максималната дневна ќе достигне 13 степени целзиусови.

 

 

Утре низ Македонија ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури.

Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 80 км/час. На планините повремено ќе провејува снег.

Низ кумановско утре ќе имаме променливо облачно време со услови за послаб дожд. Ќе дува умерен до силен ветер кој ќе надминува и 60 километри на час.

 

Loading...

 

Температурата ќе биде во пад и ќе се движи од два степени под нулата до максимални осум степени целзиусови.

Никола Ивановски