УХМР најавува дожд, снег и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Утре попладне под влијание на влажен воздушен бран во западните делови од Македонија ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Loading...

Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират насекаде, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер (над 60 км/час) и врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а температурите насекаде ќе опаднат.

Во сабота претпладне ќе има повремени врнежи од снег кои во текот на денот ќе престанат.

Повремено врнежите  ќе  бидат  пообилни  наместа  над  20  л/м2,  а на  планините  и  на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.

Никола Ивановски