УХМР: Куманово, Тетово и Скопје на удар на дождот

Сподели со своите пријатели

Во текот на попладневните и вечерните часови се очекуваат врнежи од дожд кои на места (локално) ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме. Според прогнозата на синоптичарите ваквите процеси се очекува поизразени да бидат во северните и западните делови на земјата, така што во овие делови е можно активирање на суводолиците и на некои помали водотеци, информираат од УХМР.

Ова особено се однесува на поројните водотеци во Кумановскиот регион, водотеците од Шар Планина, Полошкиот регион и сливот на реките Лепенец и Пчиња. Исто така, доколку локално за кратко време наврнат поголеми количини на дожд можно е на удар да бидат и градските урбани средини: Скопје, Куманово и Тетово каде поради асфалтот и бетонот нема можност за инфилтрирање на водата.

Ако се остварат прогнозите за количеството на врнежи (се предвидуваат над 30 l/m 2 ) се очекува зголемување на водостоите и на поголемите реки во посочените региони. Можна е и појава на одрони и свлечишта и се препорачува внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и подвозниците.

Во моментов појако невреме има во Кочанско и Кривопаланечко и се очекува да потрае, потоа западно од Скопје со правец на движење кон Скопската котлина и во Гостиварско.