Под влијание на многу топла воздушна маса од југ продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време (до 06.08) со натпросечни температури за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.
Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен.
Денеска во Македонија времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степени, а УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент девет.
Во Куманово и околината денеска температурата се очекува да достигне до 41 степен целзиусов.
Никола Ивановски