УХМР алармира: Северните и источните делови ќе бидат зафатени со невреме

Сподели со своите пријатели

Во текот на попладневните и вечерните часови се очекуваат врнежи од дожд кои на места (локално) ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на синоптичарите, ваквите процеси се очекува поизразени да бидат во северните и источните делови на земјата, така што во овие делови е можно активирање на некои помали водотеци и суводолиците.

Исто така, доколку локално за кратко време наврнат поголеми количини на дожд, можно е на удар да бидат и градските урбани средини каде поради асфалтот и бетонот нема можност за впивање на водата.

Можна е и појава на одрони и свлечишта и се препорачува внимателно движење покрај суводолиците и подвозниците, се вели во писменото соопштение на УХМР.