УХМР алармира: Денес внимавајте на силниот ветер и електричните празнења

Сподели со своите пријатели

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со поројни врнежи од дожд и грмежи, особено претпладне во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови каде на моменти ќе достигнува брзина околу 70км/час.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од 16 до 23 степени, а дневната од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе биде седум.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во текот на денот постепено времето ќе се стабилизира. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец, кој попладнето ќе го смени правецот во северен.

Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 32 степена.