Угостителите во Италија ќе мора да плаќаат данок на бакшишот

Сподели со своите пријатели

Врховниот суд на Италија донесе одлука вработените во угостителската индустрија да платат данок на бакшиш.

Loading...

Имено, се смета за дел од приходите на работниците, поради што подлежи на оданочување, пренесува Б92.

Според italy24news.com, бакшишите се заработуваат врз основа на ефикасноста на работа, па затоа се пресметуваат како приход „врз основа на впечатокот што го оставил вработениот“.

Одлуката на Врховниот суд дојде по жалбата на Агенцијата за приходи против вработената во луксузен хотел на островот Сардинија, која е обвинета за неплаќање данок, откако заработила 83,65 илјади евра од бакшиш за годинава.

Судот се потпираше на делот 51 од Законот за данок на доход, кој воведе сеопфатен поим за приходот на вработените, така што приходот повеќе не е ограничен на платата обезбедена од работодавачот.