Угостителите незадоволни од препораките на Комисијата за заразни болести

Сподели со своите пријатели

Ниту едно барање од Независната угостителска комора (НУК) не е прифатено на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести на кој требаше да се дискутира и да се донесат одлуки и препораки за тоа како ќе работат угостителските објекти во наредниот период. Ова денеска на прес-конференција го соопшти Здравко Јосифовски од Независна угостителска комора пред Министерството за здравство.

Loading...

– Она што се плашевме, тоа и навистина се случи. Ние денеска бевме само гости. На кратко ни беше напоменетао од министерот Венко Филипче дека угостителските објекти се планира да бидат затворени во 18 часот и со прашањето – што имате да кажете, изјави Јосифовски.

Додаде дека на време и во писмена форма ги доставиле своите барања до Комисијата за заразни болести, а потоа им било овозможено на секое прашање да дадат кратки одговори.

-Ниедно од нашите барања не само што не беше разгледано, дискутирано, дебатирано или овозможено понатамошна дискусија, сите барања претпоставувам дека беа отфрлени ад хок затоа што решението за денешното затворање, односно ограничување на угостителските објекти беше донесено пред време. Денеска беше едноставно само фарса пред јавноста и пред Комората, на некој начин да се укаже дека одлуките, што наумиле и ќе ги носат без разлика на реалноста и ефектите што тие ќе ги предизвикаат, рече Јосифовски.

Посочи дека на состанокот напоменале дека ниеден угостителски објект во кој се почитуваат протоколи и препораки за работа, во моментов и досега не е извор за ширење на заразата. Исклучок се угостителски објекти кои не ги почитуваат протоколите или било кои други услови за работа.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јосифовски рече дега ги почитуваат одлуките и препораките. -И во минатото, и денеска, ние како угостители во секој момент ја почитуваме било која препорака на Комисијата за заразни болести и одлука што ќе ја донесе Владата. Она што не го добиваме ние, тоа е почитта од Владата во случај кога не лимитира или не ограничи во работењето ни ги надомести штетите, рече тој. Додаде дека било која мерка да се донесе ќе ја испочитуваат, а не знаат кои угостители и дали ќе можат да работат со новите мерки.

Според него, оваа препорака ако ја прифати Владата треба да размислува на кој начин и дали ќе ги надомести штетите што ќе резултираат од овие ограничувања на угостителски објекти. Додаде не може да се процени точно штетата, но смета дека таа е големи. Вели дека угостиотелите се соочуваат со големи проблеми, се во минуси и не знаат како ќе биде со работа во јануари и во февруари следната година.

Магдалена Ристоманов

Loading...

Leave a Reply