УЕФА се обидува да го прекине спонзорскиот договор со рускиот гигант Гаспром

Сподели со своите пријатели

Откако зазеде став за конфликтот меѓу Русија и Украина со поместување на финалниот натпревар од Лигата на шампионите од Санкт Петербург, Европската фудбалска унија (УЕФА) оди чекор понатаму и се обидува да најде правен начин да го раскине спонзорскиот договор со Гаспром.

Loading...

Газпром е еден од главните спонзори на Лигата на шампионите, а спонзорскиот договор на УЕФА со рускиот нафтен гигант вреди повеќе од 50 милиони фунти.

Челниците на УЕФА сега преговараат и се обидуваат да најдат правно остварлив начин за раскинување на спонзорскиот договор со Гаспром, откако се одржа итен состанок на Европската куќа на фудбалот.

 

 

„Ќе имаме нови состаноци за да разговараме за понатамошните чекори во оваа ситуација“, потврди портпаролот на УЕФА.

Фудбалот и Формула 1 досега заземаа најсилни ставови по ова прашање, бидејќи Ф1 веќе најави дека во овие услови нема да биде до трката во Сочи.

Loading...

Фудбалскиот сојуз на Полска во саботата објави дека нема намера да игра против Русија во баражот за Светското првенство и ќе ги повика федерациите на Шведска и Чешка да заземат заеднички став пред ФИФА.