Ударниот бран од ерупцијата во Тонга пристигна до Хрватска

Сподели со своите пријатели

Метеоролошките станици во Истра вчера забележаа ударен бран од вулканските ерупции во Тонга, пренесува „Истрамет“.

Loading...

Според Klix.ba, ударниот бран поминал 17.000 километри и патувал 15 часа. Во Хрватска стигна по ерупцијата на вулкан во близина на островот Тонга, а забележан е со мерење на локации во Истра.

Во периодот од 20:50 до 21:00 часот на мерните локации забележани се осцилации на воздушниот притисок во интервал од 1 до 3 hPa, при што е констатирано дека сите станици во Перој, Пореч и Белци кај Пазин во Хрватска ги регистрирале.

Ерупцијата на вулканот на Тонга се случи во 05:10 часот по наше време, а ударниот бран до брегот на Хрватска патувал околу 15 часа, поминувајќи повеќе од 17.000 километри.

Страшното цунами, предизвикано од вулканска ерупција во близина на Тонга, ја остави оваа земја со стотици илјади жители целосно отсечена од остатокот од светот.

Во саботата еруптираше подводен вулкан во близина на Тонга, што предизвика цунами, а брановите беа 1,2 метри.

Издадени се наредби за евакуација на брегот на Тонга, како и од неколку острови во јужниот дел на Тихиот Океан, каде на снимките на социјалните мрежи се гледаат бранови кои удираат во куќите на крајбрежјето.