УЧК со закани по животот на премиерот Груевски и неговото семејство

Сподели со своите пријатели

Лица кои се претставуваат како УЧК наводно испратиле комунике по повот оружениот напад врз станбениот комплекс на Водно, во кој испраќаат директни закани против премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и нивните семејства.

Loading...

Комуникето е објавено во дел од косовските медиуми, а од Министерството за внатрешни работи на Косово се очекуваа повеќе информации да споделат со своите македонски колеги  за т.н. Командант Куштрими кој се потпишал на дописот.

Во истиот стои дека ОНА ја превзема и одговорноста за нападот на станбениот комплекс „Соравија ресорт“, а како што пренесуваат дел од националните медиуми куршумите кои се користени за нападот се исти со оние со кои претходно беше пукано кон Владата на Република Македонија.

Комуникето е потпишано од извесен Командант Куштрими, а ОНА соопштува дека со одлука на главниот штаб на на 28.09.2015 во 17:45 успешно е извршена акција на специјалната единица на ОНА во гнездото на злоделата над албанското население во МВР и околината, испукани се 12 гранати како продолжение на нападот од 27. 09.2015 над инспекторот Ариф Асани – предавник на албанскиот народ.

kominike-ona-1

Од ОНА бараат ослободување на затворениците на ОНА од 2003 година, се’ до последниот трагичен настан во населбата на јунаците (Дива населба) во Куманово.

Проценувајќи ја ситуацијата, зголемена е подготвеноста на сите единици на терен за да се стават во одбрана на албанскиот народ од секаков напад, кој им се врши. Даваме до знаење дека нашите напади ќе се пренесат во територии населени со славо македонци. Бараме освестување на славо македонската популација за да не ги поддржат нивните национаистички партии кои го напаѓаат албанскиот народ со нивните механизми, во спротивно и вие ќе бидете цел на нашите безбројни активности од единиците на ОНА наблудувачко диверзантски „Авни Рустеми“ и „Тели 69“, се вели во коминикето.

Инаку нападот врз станбениот комплекс се случи во понеделникот, околу 17, 45 часот. Непознат сотрител со огнено оружје испукал проектил кон вториот кат на комплексот и избегал.

Од испуканиот проектил, беше оштетена само фасадата на зградата и немаше човечки жртви.

Loading...


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.