Учител кој го обожаваат сите ученици: Тој со нив игра и танцува и така ја предава лекцијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Учител од Гана, Саки перси стана популарен на социјалните мрежи отако објави снимка на која е забележано како со своите ученици игра.

Loading...

Вели дека се обидува учењето да го направи поинтересно, за да децата совладаат различни предмети и изградат самодоверба.

Перси исто така е и пејач, текстописец и танчер. Вели дека е шокиран колку луѓе ја погледнале неговата снимка.

Последната желба на учителка од САД допре до луѓето од целиот свет (ФОТО)

– На почетокот луѓето ми се јавуваа, нови броеви, луѓе кои никогаш не сум ги запознал. Ме вкаат таму и ваму, снимката за десетина дена ја прегледаа над 10.000 луѓе, така да прилично сум шокиран и има 600 коментари. Имав само 23 следбеници, сега имам околу 4.000, рекол тој за Euronews.

Перси работи во населба позната по земјоделството, а како што вели, често се случува родителите едноставно децата да ги извлечат од училиштето за да работат на полето.

Исто така, гледал и деца кои со своите наставници скоро и да немаат комуникација и дека им недостасува самодоверба, поради тоа одлучил сам да испроба нова метода.

Овие училишта препливуваат 14 реки за да стигнат до училиштето (ВИДЕО)

Loading...

– Одлучив да се испробам со танцот за да има повеќе интеркација меѓу наставниците и децата, а исто така и да го направам училиштето поатрактивно за децата за да не пропуштаат, рекол тој.

Перси вели дека другите училишта, па дури и родители во други населби, користат негови снимки за да ги учат децата.

фото: Printscreen/Youtube/Euronews

Leave a Reply