Костимите инспирирани од јужнокорејската серија „Squid Game“ беа барани за овогодинешниот Ноќ на вештерките во САД, но училиштата во државата Њујорк решија да ги забранат, оценувајќи дека многу популарната серија на Нетфликс е премногу насилна за децата.
За Ноќта на вештерките, децата во САД можат да дојдат на училиште во костим на последниот училишен ден пред тој празник што се паѓа во недела оваа година.
Но, во училишната област Фајетвил-Манлиус, на северот на американската држава Њујорк, каде што има шест училишта, вклучително и три основни училишта, во петокот не беа дозволени костими инспирирани од таа серија „поради насилните пораки кои можат да инспирираат “, изјави директорот Крег Тајс.
Драматично предупредување на експертите: Не им давајте на децата да ја гледаат „Squid game“
Серијата, која стана светски феномен, прикажува луѓе од маргинализираните делови на Јужна Кореја кои учествуваат во традиционални детски игри за да добијат големи суми на пари, но губитниците се убиени за време на натпреварот во многу насилни сцени.
Во серијата, сите играчи носат зелена облека во која изгледаат како затвореници, додека нивните чувари и џелати се облечени во комбинезони во боја на циклама и носат црни маски на кои се појавува триаголник, круг или квадрат, во зависност од рангот.
Вообичаено, училиштата во Њујорк веќе забрануваат секаков вид маска за лице или лажно оружје за Ноќта на вештерките, изјавија родителите во е-пошта до агенцијата Франс прес.
Тајс рече дека училишниот персонал неодамна забележал дека некои ученици на одмор ги имитираат игрите од серијата „Squid Game“, иако Нетфликс посочи дека не ги советува оние помлади од 17 години во САД.
– Директорите на нашите училишта сакаат да се уверат дека семејствата се свесни дека би било несоодветно ученикот да носи костим од таа серија на училиште поради потенцијалните насилни пораки поврзани со тој костим – додаде тој.