Училишни сообраќајни единици во кумановските основни училишта

Сподели со своите пријатели

Во дел од основните училишта во Куманово од денеска ќе започне формирање на училишни сообраќајни единици во рамките на проектот Недела на безбедност во сообраќајот, кој го спроведуваат Општина Куманово, Секторот за внатрешни работи Куманово и општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Loading...

Во ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо денеска се одржа првата обука која се состои од теоретски и практичен дел, а целта, како што истакна Виолета Богдановска раководител на Отсекот за превенција при СВР Куманово, е да се укаже на учениците за почитување на сообраќајните правила и прописи.

– Обуката се состои од теоретски и парктичен дел, а целта е да се укаже на сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи, имање сообраќајна култура, а со тоа да се подигне безбедноста на сите, а првенствено на децата и учениците. Во текот на февруари сетоа тоа ќе биде завршено за да со топлото време и поголемата раздвиженост во сообраќајот, учениците да можат заедно со полициските службеници да учествуваат во преземање мерки и активности. Учениците од одреднео училиште исклучиво ќе бидат ангажирани на подрачје на своите училишта, изјави Богдановска.

Во првата фаза од проектот ќе бидат опфатени 10 училишта, а по предвидените 36 едукативни часови, ќе следува и натпревар.

– Предвидени се 36 часа кои ќе ги поминат ученици заедно со нашиот тим од општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, СВР Куманово и Општина Куманово и по поминување на оваа едукација од следната учебна година, учениците  ќе можат активно да се вклучат за унапредување на безбедноста околу своите основни училишта. Предвиден е наптревар помеѓу самите ученици кои ќе ја поминат едукацијата за училишни сообраќајни единици и да видиме со тој натпревар кој најдобро научил да ги спроведува правилата и прописите во сообраќајот, изјави Бојан Петковски, сообраќаен инжинер при Општина Куманово.

Директорката на ООУ „Христијан Карпош“, Лидија Костиќ, смета дека учениците имаат одредени предзнаења од областа на сообраќајната култура, но дека сега со практична примена нивното познавање ќе се подобри.

– Сметам дека имаат предзнаења затоа што ние одамна имаме активности од собораќајна култура, меѓутоа овде станува збор за практична примена, односно подобрување на сообраќајна култура не само на тимот туку и на сите ученици во училиштето, со тоа што заедно со полицајците излегуваат на терен и затоа што учат практично на грешките, на туѓите и своите. Мислам дека во голема мера ќе се подобри сообраќајната култура и помеѓу учениците, наставниците и целиот реон, изјави Костиќ.

Инаку училиштето минатата година во рамките на проектот „Детски семафор“ освои прво место на државниот натпревар за сообраќајна култура.

Loading...

Leave a Reply