Ученик со гестикулација ѝ се заканил на италијанската премиерка

Сподели со своите пријатели

Италијански средношколец ѝ се „заканувал“ на премиерката Џорџа Мелони, гестикулирајќи со рацете како да ќе ја застрела со пиштол, додека таа го информирала Сенатот за денешниот состанок на Европскиот совет.

Loading...

Цинсија Шакомобоно, директорката на училиштето „Риги“ во Рим, чии ученици присуствуваа на седницата на Сенатот, за агенцијата Анса изјави дека момчето ќе се соочи со дисциплинска постапка.

„Ќе преземеме дисциплински мерки. Не смее да правите такви работи“, рече таа, додавајќи дека знае дека во училиштето има ученици, екстремни левичари, кои ја критикуваат владата, како и ученици од екстремната десница.

Мелони рече дека била шокирана од таквиот гест на учениците на денот пред 22 години кога екстремните левичари од организацијата Црвени бригади го убиле Марко Биаџо, експерт за реформи на трудовото право.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пашинјан: Ереван е подготвен да потпише мировен договор со Баку