Учениците во Куманово и денеска протестираа (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Основците и средношколците од Куманово и денеска се обединија на протест против онлајн наставата, каде побараа надлежните да го слушнат нивниот глас, и да им дозволат да се вратат во училишните клупи.

Loading...

 

 

Протестот првин се одвиваше низ улиците во централното градско подрачје, по што заврши пред зградата на Општина Куманово, каде околу двесте ученици го изразија незадоволството од моделот на настава кој моментално се применува.

 

 

Loading...

– Се одлучивме на овој протест затоа што школите се затворени. Како може да работат кафулињата и рестораните? Значи се може да работи во оваа држава, училиштата да не работат. Министерството може да се грижи за нашето здравје, но не и за нашата иднина со тоа што ги затворија училиштата, затоа што децата неписмени ќе останат, изјави Кирил Димитриевски матурант од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово.

 

 

Како што велат, постојат ученици од социјално загрозени семејства, чии родители не можат да им ги обезбедат потребните технички средства за да следат настава онлајн. Најмногу ги револтира тоа што никој не ги слуша нивните барања.

– Не бараме многу верувајте. Погледнете малку подлабоку. Нашиот поглед е широк. Ако вие сега ни го уништувате правото на ефикасно образование што ќе прават идните генерации? Овој протест не се базира само на тоа да ставиме стоп на онлајн наставата туку и да ви укажеме на тоа дека никој во оваа држава нема доволно средства за да ги исполни вашите желби. Нашите родители не се ниту милионери ниту бизнисмени. После само читаме по медиумите дека се повеќе македонски деца се образуваат во странските држави. А како да останеме тука? Во овој миг, останатите земји следат настава со физичко присуство, ама Македонија е таа која е најпаметна, тука било жариштето, изјави ученичката Драгана Спасовска.

 

Loading...

 

Инаку ова е втор помасовен прост кој го организираат учениците во Куманово, а како што велат ќе протестираат се додека не се донесе одлука компјутерот да го заменат со книга во училишните клупи.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply