Учениците од УОМО „Панче Пешев“ со први награди од натпреварот во Јагодина

Сподели со своите пријатели

Оваа година се одржа четвртиот по ред интернационален мемориал Милош Петровиќ за млади пијанисти од 25-ти до 27-ми март на кој учесво земаа тројца ученици од Основно музичко училиште „Панче Пешев“, а истиот се одржа во Јагодина, Република Србија.

Под менторство на професорката м-р Сандра Зојчевска тие се натпреваруваа во категоријата пијано соло и ги освоија најдобрите места. Првата награда во а категорија пијано со 94 поени замина во рацете на Емира Мислиу, додека втората награда во Б категорија пијано со 88 поени замина кај Марко Насковски и Едита Муслиу со 86 бода.

Учениците се претставија со делата на Бах, Моцарт, Бетовен, Шуберт и Менделсон, тежок материјал и јака конкуренција, но својот труд го закитиај со заслужени награди. Сречна и задоволна сум од успехот на моите ученици, бидејќи тоа е и мој успех.  – вели нивниот ментор м-р Сандра Зојчевска.

Како што истакна Зојчевска, со овој натпревар само е отворена натпреварувачката сезона, а следа уште многу натпревари каде се надеваат на многу награди.