Учениците од ОСТУ “Наце Буѓони” беа повикани од страна на Претседателот на Р. Македонија Ѓорѓи Иванов, во знак на активното учество на државните натпревари и низата освоени први места.
По тој повод во рамките на одбележувањето на 10 ноември – Меѓународен на науката, во Народната канцеларија на претседателот во Скопје, во организација на Народна Техника на Македонија, учениците се претставија со најуспешните трудови од оваа година.
Милан Поповски на изложбата се претстави со проектот “Мешалка на прехранбени бои”, изработен под менторство на Александер Цветков, додека Дамјан Петровски се претстави со проектот “Модел на Холограм” под менторство на Катерина Ѓорѓиевска.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.