Учениците ја внесоа предновогодишната атмосфера во Куманово (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со поставување рачно изработени украси од рециклирачки и еко материјали, ученици од 18 основни и средни училишта денеска се погрижија градскиот плоштад во Куманово да добие предновогодишен лик.

Loading...

 

 

Во состојба кога градот средствата за новогодишно украсување ќе ги пренамени за фотоволтаични панели на градскиот базен, за да не изостане новогодишната магија се организираше денешниот настан на иницијатива на претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска.

 

 

Loading...

Како што рече претседателката ова е уникатна можност учениците да ја искажат својата креативност.

– Како Совет се договоривме дека нема да отстапиме пред вакво нешто и иницијативата појде од мене како претседател на Совет да ги собереме најкреативните, а тоа се нашите ученици, нашите професори по ликовно образование и да покренеме една ваква иницијатива која излезе дека е прекрасна и е остварлива, да ја покренеме креативноста кај учениците, да ги извадиме од училишните клупи и за време на ковид состојбата да кажеме дека еве креативноста е сѐ уште жива, изјави Ѓорѓиевска.

 

 

Додава дека е свесна оти ова е аматерски, но дека ги исполнува децата, а професионално украсување најави за следната година.

– Пред да донесеме одлука го направивме ова затоа што мислиме дека е пракрасна иницијатива од граѓани за граѓани односно од нашите ученици за да можат да се израдуваат. Јас знам дека ова е аматерски, ама знам дека ги исполнува ова. Секој ученик да си ја најде својата творба овдека е нешто прекрасно, а мислам дека и најмалите ќе уживаат во вакво нешто, појасни претседателката.

 

Loading...

 

Учениците денеска поставија различни украси на дрвјата низ плоштадот, а според наставникот по ликовно образование Александар Стефановски, ова е можност да се покаже дека и со пластика може да изгледа интересно.

– Се работи за китење на градот со еколошки материјали и да покажеме ентузијазам дека може и со пластика да изгледа интересно и со изработки од рачињата на нашите ученици за градот да биде поубав и поукрасен за оваа нова година. изработките се претежно од пластика за да покажеме дека можеме и еколошки да се изразиме, изјави наставникот.

 

 

Инаку, новогодишно украсување поради пандемијата градскиот плоштад во Куманово немаше и минатата година.

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски / Стефан Младеновски