Учениците и наставниците дебатираа за подобро образование во Куманово (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Ученици, наставници и родители денеска во просториите на салата на поранешен Комитет, дебатираа за кваилтетот на образованието во Куманово, под насловот „Квалилтетот што се слуша, а не се гледа“, во организација на Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци со групата на просветни работници.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”301″]

 

Дебатата е завршен дел од истражувањето како да се подобри образованието во државата, а кон крајот на следниот месец ќе излезат целосните резултати со препораки за Законот за осново и средно образование.

Ова дебата е трета во низа циклусот дебати за квалитетот на образованието во Република Македонија. Двете од дебатите го одработивме во Охрид и Делчево, ова е третата во Куманово. Насловот на секоја од дебатите има различна тема, али се работи за подобрување на квалитетот на образованието во глобала. Денешната тема е квалитетот на денешното образование како подтема во Куманово малце провокативно дадено, „Квалитетот што се слуша, а не се гледа“ – вели Владо Димовски, генерален секретар на Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци.

 

Споерд наставникот по економски предмети, Елизабета Секирарска истакна дека целта на оваа дебата е да се извлечат заклучоци и да се дадат предлози како да се излезе од моменталната ситуација.

Акцентот ќе биде ставен на основните аспекти и ќе се направи една глобален пресек на сите случувања дефинирани како реформски зафати и очекуваните мерки дали се остварени и што реално се случува – вели Секирарска.

 

Серијата дебати на оваа тема е подржана и од страна на ЏЕФ Македонија кои сакаат граѓаните да бидат вклучени во реформите на образовниот процес.

Целта на оваа дебата е да ги поттинеме граѓаните, поконкретно да ги вклучиме граѓаните во овој дискус кој што се води постојано во кој само политичките партии се вклучени. Да го слушнеме нивниот став и нивното мислење кои подоцна ќе понудат решение кои што и најверојатно би ги предложиле и очекуваме да бидат прифатени како такви затоа што ова е една тема која претрпе голем број на интервенции, но за резултатот како што вели самиот наслов „Слушаме, но не го гледаме“ – вели Сања Богатиновска претседателка на ЏЕФ Македонија.

Loading...

 

Вакви дебати претходно беа одржани во Скопје и Битола, а серијалот ќе продолжи во сите градови во државата.