Учениците Абланци и Македонци заедно го одбележаа Бадник (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Општинското средно техничко училиште „Наце Буѓони“ денеска беше домаќин на заедничката прослава на Бадник и Божиќ на учениците Македонци и Албанци, под мотото „Празниците зближуваат“.

Прославата е во рамките на проектот „Безбедни училишта“ во соработка со Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и ОБСЕ, а истиот се одбележува од 2012 година.

Директорката Михајловска вели дека сите сме исти по многу нешта, иако верата и обичаите ни се разликуваат.

Заедно ги славиме сите верски празници, за Македонците, Србите, Ромите и Албанците и настојуваме сите активности заедно да се приготвуваат, а ученциите да учествуваат во многу заеднички работилници за да се запознаат меѓусебно, затоа што кога го запознаеш другиот ќе сфатиш колку тој всушност вреди, а не дали е припадник на некоја група или националност – вели Лидија Михајловска, директор на ОСТУ „Наце Буѓони“.

Loading...

 

Порака за мир и зближеност упати и отец Здравсковски од Кумановско – осоговската епархија.

Пораката која ќе ја упатиме до децата ќе биде иста она што ангелите на пастирите ја рекле, слава на Бога, и мир меѓу луѓето и добра волја. Тоа беше порака дека Бог ќе се измири со своето сознание. Имајќи ја природата наша тој ќе ги даде квалитетите на човечката природа – вели отец Игор Здравсковски, портпарол на Кумановско – осоговската епархија.

 

Инаку заедничкото одбележување на празниците од повеќе националности помага во подобрување на меѓуетничките односи на најмладите во општеството и изградба на мир, љубов и соработка.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.