Ученици од Труција, Италија, Србија и Хрватска во посета на кумановската Гимназија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ученици од Труција, Италија, Србија и Хрватска од денеска се во еднонеделна посета на кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ во рамките на проектот „Училиште во природа“, како дел од „Еразмус плус“ програмата на Европската унија.

Loading...

 

 

Како што информираше наставничката Славица Грујовска Митиќ која е координатор на проектот во Македонија, веќе се пристигнати гостите од Србија и Турција, а останатите треба да пристигнат во текот на денот.

– Италијанците се координатори на проектот кој се вика „Училиште во природа“. Тематски нашата работилница неделава е „Надвор е забавно“. Организирани се повеќе едукативни и забавни работилници што е можно повеќе на отворено, еве како што гледаме времето ќе не послужи и неколку екскурзии за запознавање на Македонија, изјави наставничката Грујовска – Митиќ.

 

Loading...

 

Во рамките на проектот учениците со своите наставници утре ќе го посетат Скопје, а работилници ќе имаат и во Крушево и Охрид, со завршна манифестација во Куманово во петок.

 

 

Во проектот учествуваат по 25 ученици од секоја земја и досега се одржани активности во Труција, Србија и Хрватска, а кон почетокот на јуни последната активност ќе биде во Италија.

 

Loading...

Никола Ивановски