Ученици и наставници од СОУ „Перо Наков“ остварија работна посета во Италија

Сподели со своите пријатели

Шест ученици и двајца наставника од СОУ „Перо Наков“ од Куманово во периодот од 25 ноември до 30 ноември остварија работна посета во Италија. Поточно во градовите Васто, Гиси и Касалбордино.

Loading...

Посетата е дел од проектот KA2 – European Virtual Business т.е. Европски виртуелни компании, кој што е поддржан од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија.

Ова е партнерски проект за училиштето, а останати партнери се училишта од Австрија, Шпанија и Хрватска, а координатор на проектот е училиште од Италија. Координатори од кумановското економско училиште се наставник Ивана Близнаковска Доцевска и наставник Александра Георгиевска.

-Остварената работна средба беше и прва средба како дел од истиот проект и имаше за цел запознавање помеѓу учесниците, реализација на предвидени работилници, посета на локални претприемачи и слично. Во училиштето во Гиси и училиштето во Касалбордино, беа реализирани повеќе активности во врска со виртуелните училишни компании.  Овие виртуелни компании ќе се повзрат меѓусебе и за време на часовите по практична настава ќе вршат понуда и продажба на своите производи, изјави наставничката Ивана Близнаковска.

Loading...

Учениците остварија посета на локални претприемачи т.е. фабрика за производство на месни продукти, фабрика за производство на маслиново масло и фабрика за производство на локално вино.

– Претприемачите им ги објаснија сите производствени процеси на учесниците, како и почетоците на претпријатијата, нивните падови и издигањата на пазарот. Исто така им објаснија и дека за отпочнување на било каков бизнис треба најпрвин да се има волја, но да се верува во сопствената идеја, појаснува Близнаковска.

На Конференција, организирана во училиштето во Гиси, биле присутни поголем број на локални претприемачи т.е. претставници од Здружение за заштита на животната средина и животните, претставници од фабрика за производство на маслиново масло, претставник од текстилен сектор и претставник од фабрика за производство на медицински јаглен. На истата учесниците имале можност да поставуваат прашања, на кои што локалните претприемачи со задоволство одговараа.  

Како дел од културолошки активности остварена е посета на градот Матера – Европски град на култрата за 2019 година. 

Оваа мобилност беше само прв дел од активностите предвидени во проектот. За реализација на истиот планирани се уште четири мобилности во секоја земја учесник во проектот.

– Се надеваме дека преку реализација на ваквите мобилности учениците ќе се стекнат со нови знаења и вештини кои што ќе им бидат од корист за понатамошното образование. Исто така ќе им се зголемат и комуникациските вештини особено оние на англиски јазик, зато што официјален јазик на проектот е англискиот јазик. Секако и наставниците се стекнуваат со нови вешти и знаења кои можат да ги искористат во текот на понатамошното подучување на учениците, да искористат нови методи на предавање и нови начини на пренесување на знаењата, додава наставничката Близнаковска.

Loading...

Leave a Reply