Ученици делеа флаери за безбедност во сообраќајот на возачите во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово денеска со акција за делење флаери со учениците од Училишната сообраќајна единица, го одбележаа 9ти декември, Денот на превенцијата.

Loading...

Веќе двнаесет години постои како организациска единица Отсекот за превенција, иако полицијата и претходно работела на превентивни активности, посочи денеска раководителот Виолета Богдановска.

– Оваа година во услови на пандемија и на состојба со коронавирус не дозволи да се реализира годишната програма онака како што беше замислено меѓутоа не изостанаа сите планирани активности, но со помал обем и со помал број на присуство не толку јавна видливост. Меѓутоа активностите повеќе ги насочивме кон тоа да има наше поголемо присуство на терен, во секоја месна заедница во секоја урбана заедница, средби со претседатели на месни заедници, разговор со граѓани буквално секаде да се слушнат проблеми, да се дадат укажувања, потсетувања и секогаш онаа порака дека заедно сме побезбедни, дека треба секогаш да имаме поголема соработка комуникација, градење на доверба едни со други, граѓани со полиција, со институции, за да бидеме безбедни, изјави Богдановска.

 

 

Само заеднички, со преземање мерки, активности и почитување на протоколите за заштита од заразни болести кои ги носи владата, вели Богдановска, можеме да бидеме побезбедни.

– Денешниот ден ќе го поминеме скромно како и целото година. Беше планирано да се засадат неколку дрвја во знак на заштита на животната средина, но временските услови тоа не го дозволија. Она што најмногу беше застапено во текот на годината е безбедноста во патниот сообраќај, градење на сообраќајна култура кај сите учесници во сообраќајот, така денеска се присутни училишните сообраќајни единици кои на возачите ќе им укажат на безбедност во сообраќајот и ќе им поделат заштитни маски, ракавци, за децата лењирчиња со сообраќајни знаци, за подучување од мала возраст и секако флаер соодветен за ова годишно доба, безбедно патување во зима, додаде Богдановска.

Loading...

 

 

Сертификати за активност учество во превентивните активности ќе добијат ученици од средни училишта за нивниот допринос на полето на превенцијата.

Годината, според Богдановска, е успешна, со голема соработка со институциите на локално ниво, општинските советодавни тела, и изрази надеж за уште посилна соработка идната година.

 

 

Loading...

Бојан Петковски, секретар на Општински совет за безбедноста во сообраќајот, исто така го посочи Отсекот за извонредната соработка годинава.

– Сакаме да ја истакнеме посебната соработка со Секторот за превенција при СВР Куманово, како општински совет за безбедност во сообраќајот во текот на целата година имаме прекрасна соработка со секторот за превенција сите проекти и манифестации согласно годишните програми за работа се реализираат беспрекорно и со динамика на работа која ја организираме на годишно ниво, изјави Петковски.

Учениците денеска им поделија маски и ракавици на возачите кои ги легитимираа со полициските службеници, како и флаери за безбедно патување во зима.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply