Убиство во село Љуботен – сторителот во бегство

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен маж е убиен вчеравечер во скопското село Љуботен. Тој со прострелни рани бил однесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, но лекарите само ја констатирале смртта и петнаесетина минути по 22 часот, случајот го пријавиле во полиција.

Loading...

Првичните информации говорат дека осомничен за убиството е 10 години помлад жител на селото, по кого се` уште се трага. Немилиот настан се случил околу 21.00 часот пред селската џамија со две минариња, кога со автоматска пушка убиецот пукал во Џевад и побегнал.

Починатиот живеел во Раштански пат, а допрва ќе се утврдува која била причината да дојде во Љуботен. Полицијата го бара и оружјето со кое било пукано.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешко повреден 20-годишен кумановец откако излетал од коловозот

Leave a Reply