Убиство во населбата Тоде Мендол – убиецот во бегство

Сподели со своите пријатели

Еден убиен и еден сериозно ранет е билансот од семејната драма која утринава нешто по 11 часот се случи во населбата Тоде Мендол.

Loading...

Од СВР Куманово го потврдуваат убиството кое се случило додека во двете лица било пукано на улица додека тие се движеле.

Станува збор за зет по потекло од Косово кој поради нерасчистени семејни односи се вратил од Швајцарија, каде што живеел и утринава смртно го застрелал таткото на неговата сопруга, 71 годишниот Риза Р., додека нејзиниот брат А.Р. (30) поради сериозноста на повредите од кумановската болница директно е пренесен на скопските клиники.

Откако го извршил злосторот, убиецот со неговиот автомобил се дал во бекство и полицијата активно трага по него.