Убиства, обиди за убиство, несреќи, сообраќајки, тепачки – криминалот царува во Куманово

Сподели со своите пријатели

Голем број инциденти за помалку од еден месец бележи Секторот за внатрешни работи Куманово. Две убиства, убиство во обид, сообраќајни несреќи, тепачки, несреќи со смртен исход се само дел од кривичните дела кои ги регистрира билтенот на Министерството за внатрешни работи.

На 5 јуни навивачи на грчкиот клуб „Олимпијакос“ нападнаа и ограбија вработен на бензинската пумпа „Лукоил“ на автопатот Куманово – Скопје. Во тепачката учествуваа и членови на навивачката група „Кумани“, а приведени и повредени беа тројца грчки државјани.

На 12 јуни, кумановец пукал во возило ан сограѓанин при што извршил обид за убиство. Случајот е регистриран на улицата во населбата Тоде Мендол, кога педесетогидшен Р.З. пукал во автомобил марка „Пасат“ управуван од дваесет и шестгодишен Б.Р.  а сопатник му бил една година помладиот С.М. МВР излезе со кривична пријава за обид за убиство, а двете лица во чиј автомобил беше пуканоо се неповредени.

Два дена подоцна, на 14 јуни две лица беа повредени во сообраќајна несреќа во селото Речица, кога во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – село Ваксинце кога Ф.Џ. од скопско Студеничани не застанал на даден знак од полицијата па удрил во бетонски столб па во службеното возило на полицајците. Возачот и неговиот сопатник беа повредени.

Следниот ден, на 15 јуни во кумановската болница од засега неразјаснети причини почина родилка од Крива Паланка. Откако добила анестезија и не се разбудила по породувањето била испратен на КАРИЛ каде била констатирана смрт. Зад себе остави три малолетни деца, а нејзиниот невенчан сопруг обвини за лекарска грешка и случајот го пријави во полиција.

На 25 јуни кумановец прегази тричлено семејство, мајка, татко и четиригодишно дете, во близина на куманосвката болница, по банална расправија во амбуланта. Протиив возачот беше поднесена кривична пријава за обид за убиство и насилство. Вчера, на првиот ден од јули детето по скоро една недела во критична состојба им подлегна на повредите и возачот најверојатно ќе одговара и за убиство.

На 25 јуни му се губи секаква трага на триесетгодишниот Бојан Илиевски од Куманово. Неговите пријатели, роднини и полицијата до 29 јуни интензивно трагаа по него. Неговата трага се губеше кај месноста Бејтови ниви, каде го оставил неговиот пријател, а каде биле пронајдени и двата негови мобилни телефони кои биле скршени. На 29 јуни телото на Бојан Илиевски беше пронајдено фрлено во бунар во населбата Доброшане, со прострелна рана во десната слепоочница, а за убиство беше осомничен и приведен неговиот пријател Д.Д. Јавен обвинител побара притвор за осомничениот и психијатриско вештачење, кој негира дека го сторил делото. Причините за убиството и како од еден на друг крај завршило телото на убиениот се уште не се познати.

На 26 јуни лифт во зграда лоцирана на булеварот „Трета МУБ“ усмрти шестгодишно дете кое веднаш им почина на повредите. Јавниот обвинител нареди вештачење на лифтот на Машинскиот факултет во Скопје, а детето починало од сериозни повреди во пределот на главата откаок го згмечило лифтот.

Истиот ден осум лица беа повредени во сообраќајна несреќа кај селото Војник, на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка. Лицата со повреди се здобиле при судар на три патнички автомобили. За среќа повредите биле од полесен карактер.

На 30 јуни во Секторот за внатрешни работи две лица беа пријавени за исчезнати. Женско лице со иницијали Е.Ф. (1972) од село Черкезе која е исчезната од 24ти јуни. За исчезнато истиот ден е пријавен и М.Ц. (1953) од селото Младо Нагоричане. По двете лица трагаат полициските службеници.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.