Маж вчераутро се качил преку противпожарни скали на петтиот кат од зградата на полицијата во Чикаго и упаднал во просторијата за обука на специјалните сили (SWAT), каде што бил застрелан од полицијата.
„Откако влегол низ отворената врата, мажот грабнал најмалку два пиштоли од масата и ги вперил кон полицајците. Осомничениот бил застрелан од полицијата и хоспитализиран со повреди кои не се опасни по живот“, изјави началникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун. конференција.
„Нема прозорци или вентилација на тој кат“
Мажот најпрво се приближил до зградата и го прашал чуварот каде може да ја зеде својата лична имовина.
Наместо да се упати кон јавниот влез, тој ја обиколил зградата и стигнал до надворешното противпожарно скеле и се искачи на петтиот кат, пишува CNN.
„Обуката на SWAT се одвива на петтиот кат, а надворешната врата од просторијата за обука ја оставаме отворена бидејќи на тој кат нема прозорци или вентилација“, објасни Браун.
Службениците во просторијата за обука ги известиле вооружените полицајци во зградата за инцидентот, кои веднаш реагирале и пукале кон осомничениот, рече Браун.
Канцеларијата за полициска одговорност (COPA) спроведува истрага за пукањето.