Две лица од Куманово денеска биле приведени поради кражбата која пред неколку дена беше извршена во угостителски објект.
Loading...
– Денеска (02.02.2023) во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ј.Л.(34) и Д.Б.(36), двајцата од Куманово, информираат од куманвоската полиција.
Како што посочуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, тие се сомничат дека на 30.01.2023 со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Драган Стопаревиќ“ во Куманово и одзеле пари.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски