Уапсени 29 бегалци на српско – унгарската граница од кои еден „идентификуван терорист“

Сподели со своите пријатели

Унгарија соопшти дека во текот на судирот со бегалците на српско-унгарската граница биле уапсени 29 мигранти, од кои еден од нив го опишуваат како „идентификуван терорист“.

Loading...

Унгарскиот политичар Џорџи Баконди вели дека 20 унгарски полицајци се повредени во насилство, откако на нив мигрантите фрлале камења, па службениците употребија солзавец и водени топови против бегалците.

Портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач за нередот ги обвини бегалците околу граничниот премин Хоргош 2, наведувајќи дека Будимпешта ќе ги користите сите расположливи средства за да им се спротистави на мигрантите од Блискиот исток.

Унгарската полиција ќе ги користити сите расположливи средства да се спротивстави на сите оние кои насилно се обидуваат да навлезат на угнарска територија – вели Ковач за Ал Џезира.

  • Неприфатливо е вакво нешто. Ова е вооружен напад на територија на Унгарија – додава Ковач, истовреме обвинувајќи ги бегалците дека своите деца ги користеле како живи штитови.

Тој наведува дека бегалците во судирот биле „наоружани“ со камења и стапови, како и дека користеле солзавец.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.