Според руските медиуми, жената која е осомничена за убиството на воениот блогер Владлен Татарски, Дарја Трепова, е уапсена.
Вработените во Истражниот комитет ја приведоа Дарија Трепова, пренесува ТАСС.
„Поради сомнение дека учествувала во експлозијата во кафулето во Санкт Петербург, вработените во рускиот истражен комитет заедно со оперативните служби ја приведоа Дарја Трепова“, соопштија од одделението.
Да потсетиме, Владлен Татарски беше убиен во недела во експлозија на бомба во кафуле во Санкт Петербург, што е втор атентат на руска територија на лице тесно поврзано со војната во Украина.
Руските медиуми јавуваат дека во експлозијата се повредени повеќе од 30 лица.
Инспекторите претходно го пребарале местото на живеење на Трепова во Санкт Петербург и разговарале со нејзината мајка и сестра.
Според првичните податоци, Трепова била таа која на Татарски му врачила фигурина во која имало експлозив.
Русија претходно ја стави Трепова на потерница. МВР на својата веб-страница не го спомна убиството на Татарски, што покажува дека таа се барала.
Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, имаше над 560.000 следбеници на Телеграм и беше еден од најистакнатите воени блогери кои ги славеа руските воени напори во Украина и често ги критикуваа неуспесите на военото раководство.
Новинската агенција ТАСС цитира неименуван извор кој вели дека импровизираната експлозивна направа била скриена во минијатурна скулптура која му била предадена на Татарски додека тој се обраќал на група луѓе во кафуле.
Каналот Mash Telegram, кој е поврзан со руската полиција, објави видео на кое наводно се гледа како на Татарски со микрофон во рака му се предава мала скулптура на војник со шлем.
Тие рекоа дека експлозијата се случила неколку минути подоцна.
Пред Татарски, во август минатата година во експлозија на автомобил во близина на Москва беше убиена Дарја Дугина, ќерка на истакнат ултранационалист.
‼️На кадрах — девушка, которая в 17:25 принесла коробку со статуэткой со взрывчаткой военкору Владлену Татарскому
Судя по всему, это и есть Дарья Трепова. Вход она нашла не сразу. Примерно через час прогремел взрыв. pic.twitter.com/8zdw1akNWS— Светалина (@yORNjKzE9aarGLY) April 2, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.