Уапсена „кралицата на слоновите“ – одговорна за смрт на половина милион слонови (фото)

Сподели со своите пријатели

Властите во Африка ја уапсиле Јанг Фенг Глан – „кралицата на слоновите“ и една од клучните личности во илегалната трговија со рогови поради кои последните децении се убиени половина милион слонови.

Loading...

Кинеската државјанка е уапсена во Танзанија откако специјалната национална едница година дена го следела нејзиното движење низ Пекинг, Уганда и Танзанија.

Таа е озогласен тргувач со слонови кои досега е уапсен – вели организацијата за заштите на овие животни Elephant Action.

 

slonovaca

 

Властите се надеваат дека таа ќе прозборува и специјалните истражители ќе ги одведе до нејзините кинески контакти и корумпираните локални службеници кои веројатно знаеле и помагало во оваа криминално дело.

Јанг тргувала со слоновача последните 10 години и како што било соопштено, сигурно имала помош од локалните службеници, затоа што без нив не можела толку долго да криумчари големи количини на органи од оваа животно.

Таа се сомничи и за финансирање и снабдување на ловокрадците со оружје и возила, како и за подмитување на локалните полициски службеници.

Loading...

slonovaca-2

Локалните власти наведуваат дека таа е клучна личност која ги поврзува афричките диви ловци со купувачите во Кина, каде слоновачата и роговите од носорог достигнуваат доста високи цени.

Шеесетгодишната Јанг е оптужена дека од 2000 до 2014 година прошверцувала слоновача во вредност од најмалку три милиони долари. Се верува дека со оваа илегална трговија се занимава од 1980 година.

Танзанија стана едно од средиштата на ловците на слонови во Африка, а во последните пет години се убиени 85.000 слонови.

Популацијата на овие животни во период од 50 години од 350.000 опадна на околу 100 илјади.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.