Уапсена 67-годишна кумановка барана со потерница

Сподели со своите пријатели

Шеесет и седумгодишна кумановка вчера била приведена за издржување мерка притвор по претходно распишана централна потерница.

Loading...

– На 29.05.2023 во 16.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.С.(67) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата таа била барана по централна потерница врз основа на  судска наредба за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 244 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на мерката.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“