Уапсен македонски државјанин во Грција поради пренесување нелегални мигранти

Сподели со своите пријатели

Грчката полиција во регионот на Дојран, уапси 55-годишен македонски државјанин, бидејќи во приколката од неговиот камион биле пронајдени 11 нелегални мигранти, кои требало нелегално да ги изнесе од Грција.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од истрагата на полицијата произлегло дека мигрантите во Грција влегле преку нелегален премин на грчко – турската граница.

Каминот бил запленет, а уапсениот македонски државјанин ќе биде изнесен пред јавен обвинител во Кукуш, јави дописникот на МИА од Атина. /МИА


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *