Уапсен истакнат белоруски новинар

Сподели со своите пријатели

Уредникот на популарната белоруска медиумска куќа беше уапсен во средата по претресот на станот, во најновиот потег на белоруските власти да ги задушат независните медиуми.

Loading...

Сиархеи Сатсук, главен уредник на Јежедневник, или ej.by, онлајн издание, беше приведен по претресот на неговиот стан под обвинение за поткуп што тој ги негираше, рече неговиот брат.

Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со десет години затвор, пренесува Бета.

Во средата беше блокирана и веб-страницата „ej.by“, која има 10.000 читатели.

Сатсук е 30-тиот новинар, кој е во притвор во Белорусија, чекајќи судење или издржување казна.

„Новинарството стана една од најопасните професии во Белорусија“, изјави за Асошиетед прес, Андреј Бастунец, претседател на белоруското здружение на новинари.

Тој рече дека слободата на говор е најзагрозена во Белорусија кога станува збор за Европа, „властите им негираат на граѓаните каква било алтернативна информација“.

Медиумите на Сатсук редовно известуваа за протестите, кои избувнаа по резултатите од претседателските избори во август 2020 година, кои опозицијата и Западот не ги признаа, сметајќи ги за наместени.

Loading...

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој го доби шестиот мандат на изборите, започна остра пресметка со демонстрантите, повеќе од 35.000 луѓе беа уапсени, а илјадници беа претепани од полицијата.

На почетокот на овој месец, Сатсук започна нов проект за независни новинари и активисти опишани од белоруските власти како „екстремисти“ и „терористи“.